Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, во колумна за „Балкан Инсајт“, вели дека главната цел на Договорот од Пржино: враќање на владеењето на правото, очигледно е веќе заборавена, а изјавата на еврокомесарот Хан по последната лидерска средба отвара повеќе прашања, отколку што дава одговори.
-За жал, целта да се врати владеењето на правото изгледа е заборавена. Двосмислената изјава на комесарот Хан по средбата со политичките лидери на 15.јануари отвори повеќе прашања отколку што даде одговори. Остави впечаток дека за ЕУ, трите политички партии кои сакаат избори во април, се во право, а опозициската СДСМ треба да им се придружи, вели Фуере во својата колумна.
Тој додава дека Европската унија не смее да дозволи да биде изиграна од Владата чија единствена цел е да го пренасочи вниманието од нејзината злоупотреба за моќ и индициите за криминал.