ФСПМ: Ова е личен пораз на Груевски, да си поднесе оставка од позицијата партиски лидер

by fokus

Форумот на слободоумни патриоти со жалење констатира дека политиката на додворување и на исполнување на сите желби кон ДУИ, а на штета на македонските национални интерси се покажа како погрешна и не вроди со плод и обезбедување на мнозинство за формирање на Влада.

-Ние многу пати му укажавме на Груевски и на раководството дека на погрешен пат ја водат партијата и дека придонесуваат за нејзиното уништување. Многу пати им укажавме дека носењето одлуки на штета на Македонскиот народ и Република Македонија еден ден скапо ќе ги чини. Сакаме да му укажеме на Груевски дека овој пораз е личен негов пораз, а не пораз на ВМРО ДПМНЕ, пораз кој значи крај на неговата политичка кариера.

Форумот на слободоумни патриоти после неуспехот да обезбеди мнозинство, го повикува раководството јавно да објави што било предмет на разговор и што им било понудено на ДУИ за коалиција. Исто така, како што велат, во интерес на ВМРО ДПМНЕ го повикуваат Никола Груевски да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на ВМРО ДПМНЕ и да овозможи низ една транспарентна и демократска постапка избор на нов лидер.

Поврзани новости