Форумот на слободоумни патриоти, составен од членови на ВМРО-ДПМНЕ кои бараат промени во владејачката партија, испрати таканаречен проглас за спас на ВМРО-ДПМНЕ. Од Форумот сметаат дека ВМРО ДПМНЕ не е актуелната врхушка која ја има узурпирано партијата за свои лични цели и лични интереси, туку, според ФСП, е идеја која живее во срцата на многу Македонци.
„ВМРО ДПМНЕ мора да остане симбол на Македонското национално единство, доста беа поделбите на народот и оцрнување на поединци. Како демо-христијанска партија мора да биде гарант за социјалната и економската правда, за почитување на семејните вредности. Мора да ги гарантира целосните граѓански права и слободи и непречено владеење на правото и правната држава, а тоталитарното раководење да прекине и да се врати демократијата и демократските вредности согласно основните цели за кои е формирана“, стои во пргласот.
Од таму бараат итна промена на составот на Извршниот и Централниот комитет на партијата, да се возобнови Унијата на ветерани и Советот на интелектуалци, да се избере потпретседател и да се освежат партиските комисии…