ФСП со повик до вмровците да ја бојкотираат кампањата на ДПМНЕ

by fokus

Форумот за слободоумни патриоти денеска ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да ги бојкотираат сите активности на партијата во време на кампањата, како и да не излегуваат на гласање.

-Форумот на слободоумни патриоти ве повикува во периодот што претстои, па се до 11 декември кога се одржуваат предвремените парламентарни избори на огранизиран бојкот на настаните и митинзите на врхушката. Доста не игнорираа и не користеа само кога им требавме, за избори. Исто така Ве повикуваме на БОЈКОТ на денот на избори, т.е. да не одите и да не гласате. Само со бојкот можеме да им покажеме дека нема повеќе да дозволиме да не понижуваат, се вели во повикот.

За оние кои ќе бидат под притсок да мораат да излезат на гласање од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ФСП порача да одат и да го поништат ливчето.

 

Поврзани новости