Изградбата на Македонската филхарномија, која чини речиси 40 милиони евра, не е исплатена во целост. Државата им должи на изведувачите 15 милиони евра, долг кој новиот министер, Роберт Алаѓозовски, го наследил од неговата претходничка, Елизабета Канческа Милевска.
Алаѓозовски денеска се пожали дека наследил големи долгови во Министерството од претходната владејчка гарнитура.
Меѓу огромните хонорари кој биле склучувани меѓу Министерството за култура и други лица, а кои не кореспондирале со висината на задачата, бил и договор од 200.000 денари за оркестрирање на концерт во Македонската филхармонија. Во оваа институција биле склучувани договори од над 30.000 денари без распишување на тендер, што е недозволиво според закон.
Алаѓозовски потсети дека само за коктелот при отворање на новата зграда биле потрошени над 10.000 евра без спецификација на артиклите. За свечената вечер биле доделени стотици гратиси без никакво критериум, а самиот чин на отворање без соодветен технички прием можел да ја наруши безбедноста на посетителите, рече тој.