Од ФРОДЕМ преку соопштение до јавноста, ги обвинија двете најголеми политички партии дека наместо да се насочат во решавање на политичката криза, тие секојдневно се препукуваат за тривијалности.
-Во Македонија тече мед и млеко. Нема веќе односно решена е политичката криза и сиромаштијата и затоа на ДПМНЕ и СДСМ главна преокупација и свера на интерес им се тривијалностите. И едните и другите на отоворена јавна сцена прават циркус – реагираат од ФРОДЕМ.
Од таму посочуваат дека владечајката ВМРО-ДПМНЕ продолжувала со пропаганда да се фали и да манипулира во јавноста, додека СДСМ го обвинуваат дека на сличен начин се обидува само да придобие политички поени, занемарувајќи го јавниот интерес.
-Oтако СДСМ си ја ,,нареди” работата со Анекс на договорот од Пржино, се нафати со друга ,,голема” работа. Конечно го открија на непријавениот стан на директорот на Агенцијата за разузнавање Чулев. И затоа и тие како и ДПМНЕ вчера ја бомбардираат целата македонска јавност со стерилно соопштение за ,,големиот нивен успех”. Чудно е како одеднаш СДСМ замолче за специјалниот суд или за специјалното одделение?!. Како и зошто ги заборави останатите партии и здруженија кои се опозиционо настроени. – прашуваат од ФРОДЕМ.