Како тоа толку способен политичар дозволил изборни фалсификати и не се обидел истите да ги открие навреме, го прашуваат премиерот Никола Груевски од ФРОДЕМ.
-Груевски е фрапиран од тоа што го слушнал за фалсификуваните лични карти!? Ако премиерот е изненаден што да кажеме сите ние преостанатите, обични смртници? Како премиерот Груевски, кој победи на девет по ред изборни циклуси, може да си дозволи да е изненаден и фрапиран од толку големо фалсификување? Дали, всушност, имал многу лоша комуникација со поранешната министерка за внатрешни, па дури откако таа си даде оставка почнаа да се разоткриваат волку битни работи?, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.
Од ФРОДЕМ потсетуваат дека Обвинителството не ги притвори осомничените и покрај најавите од функционерите на ДПМНЕ дека е најдена широка палета фалсификувани документи за идентитет.