Хан доаѓа во јануари да провери до каде е Договорот од Пржино

by Фокус

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан испратил писмо до лидерите на политичките партии во кое им порачал да продолжат со спроведувањето на Договорот од Пржино. Тој ги известил дека во јануари доаѓа за одблизу да се запознае со тоа како се спроведува договореното.

Конкретен датум за посетата на Јоханес Хан уште нема утврдено, но најверојатно тој ќе дојде на почетокот на јануари, по новогодишните празници. Што се однесува до Договорот од Пржино, речиси сите рокови за негово спроведување се пробиени, како изгласувањето на законот за обвинителската служба и административниот тим на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Поврзани новости