ФРОДЕМ: Судството останува недопирлив бастион на режимот

by Фокус

ФРОДЕМ целосно ја поздравува и поддржува првата акција на Специјалното јавно обвинителство, кое покажа завидно ниво на решителност и висок степен на професионалност во правната презентацијата на сите елементи на акцијата „Титаник“, сметаат од ФРОДЕМ.

„За жал, судството и понатаму останува недопирлив бастион на режимот. Праксата и статистиката недвосмислено покажуваат дека судот за многу полесни кривични дела определувал мерка притвор. Опасноста за влијание на сведоците од високите партиски функционери е огромна и се поизвесна. Во оваа смисла, поединците судии кои одлучуваат во вакви сложени предмети не треба да дозволат да бидат заглавени во политички лавиринти поради кои патот до правдата, односно до фактите и сведоците, сериозно може да биде доведен во прашање. Доколку тоа го дозволат, одговорноста и последиците стануваат заеднички, со што тие стануваат соучесници“, се наведува во соопштението на ФРОДЕМ.

Поврзани новости