Груевски со развлекувањето на кризата има за цел да ја избегне правдата и да создаде уште поголема криза во која тој најдобро би се снашол и би го конфронтирал поделениот народ по партиско-граѓанска, но и по етничка основа, реагираат денеска од ФРОДЕМ.
-Со сталинистички методи, од прегазеното време на Милошевиќ, Груевски очајно се обидува да активира приврзаници за одбрана на криминалот и конфронтаирање со целиот демократски свет. Вчера, во полупразната сала и задоцнета прослава, од Груевски разбравме дека имал притисок од „народот“!? Божем народот „вриел“ и од него барал акција! Потсетуваме дека оваа и сличните најави целосно се поклопуваат со „спонтаните случувања“ на народот во организација на пропаднатиот режим на Милошевиќ. Веќе видени, пропаднати и прочитани сценарија, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.
ФРОДЕМ ги повикува сите граѓани, правдољубиви демократи и патриоти без оглед на политичката, верската или етничката припадност, сите заедно сплотени вечерва во 19 часот, пред зградата на Специјалното јавно обвинителство да го поддржат враќањето на правдата и достоинството во Македонија.