По една деценија укажување дека натрапничкото и криминализирано раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја води партијата и државата во погрешна насока, што се покажало и со вчерашната провидна игра со поднесување на листите, реагираат од ФРОДЕМ.
– Можеме да се опуштиме и со олеснување да кажеме дека ова е почеток на крајот на мрачниот период под власт на лажните патриоти. Оваа провидна игра на штета на државата и партијата е последен момент и шанса органите и телата на ВМРО-ДПМНЕ и чесното членство да ги суспендира од партиските функции сите оние кои дале согласност и се нашле на листите – велат од движењето.
Од таму додаваат дека е срамно сопствените граѓани да се лажат со евтини и провидни игри, во услови кога лидерот, избран на приватна забава (наводен Конгрес), ветил дека избори нема да се одржат.
– Тогаш чуму е ова лажна глума? Која е целта? Одговорт е јасен. Забеганата политика и нерационални дејствија и постапки на криминализираната врхушка имаат за цел во овој момент да не го разочараат докрај и онака веќе разоараното и изманипулирано членство и истото да се искористи како адут во преговорите околу повлекувањето или поништувањето на аболицијата. Веќе одамна излитената закана ,,зад нас стои народот” или ,,народот ќе одлучи” нема да ги даде очекуваните резултати, бидејки народот одамна е поделен, понижен, осиромашен и навреден до коска, а на лажани приказни повеќе никој не им врува. Народот нема повеќе да биде свежо топовско месо за реализација и заштита на туѓи криминални интереси Но, од друга страна промоторите на гебелсовата пропаганда мора да знаат дека тој народ е веќе наострен и спремен за расчистување на сметките, спремен за доаѓање на слободата,правдата, вистината и казната – се наведува во соопштението.