Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) предлага да се постигне национален консензус и да се почнат преговори за можна конфедерација меѓу Македонија и Турција, бидејќи ниту раководството на, како што велат, ДПМНЕ, ниту актуелната власт немаат сенс, но и не сакаат да го решат проблемот со името преку Генералното собрание на ОН и на тој начин да го задржиме нашето име и национално достоинство.
Оттаму појаснуваат дека конфедерацијата во правото и политиката се толкува како сојуз на суверени држави кој е заснован на меѓудржавен договор кој е насочен кон реализација на однапред договорени заеднички цели и интереси. Договорот за идна конфедерација, според ФРОДЕМ, би се однесувал на клучните прашања за опстанокот на нашата држава и тоа: на заедничката надворешна и безбедносна политика, на гаранција за територијалниот интегритет и суверенитет и неделивоста на државата, на подигнување и подобрување на економската состојба во нашата држава како и на други прашања кои ќе ја гарантиаат посебноста на македонската нација како и посебноста на сите останатите етнички заедници во Република Македонија.