ФРОДЕМ: Одработувачите на власта беа тапкани по рамо, а домашен притвор добија учесниците во Шарената револуција

by Фокус

Подигнатите обвиненија и изречени казни мерка домашен притвор за дел од учениците во „Шарената револуција“ по којзнае кој пат го покажаа вистинското лице на послушниците во македонското правосудство. Судиите и обвинителите по кој знае кој пат се ставија во улога на слепи извршители на партиската врхушка, се вели во реакцијата на ФРОДЕМ.

– Истите овие одработувачи на власта не покажаа ваква ажурност и строгост и беа тапкани по рамо од нивните налогодавци кога не побараа, и не прифатија, мерка притвор за сторени тешки кривични дела од страна на лица учесници во злосторничко здружување.
За споредба и после две години сеуште не е јасно до каде е постапката за хулиганите кои ја демолираа бараката на општината „Центар“. Тогаш, за потсетување Министерството за внатрешни работи не приведе никого, а излезе со соопштение во кое небулозно наведе дека немало основ да им забрани на „граѓаните“ да го искажуваат својот „револт“. Тогаш, хулиганството, нападот и прекинот на работата на орган на локалната власт, МВР го оцени како право за искажување на граѓански револт. Исто така, послушниците досега не осудија ниту еден навивач на спортските екипи кои секоја недела на натпреварите кинат и палат државни симболи, а укинувањето на мерките притвор за обвинетте во случајот ,,Транспортер” е доказ повеќе за контролираното судство – велат од ФРОДЕМ.

Од таму прашуваат дали со вакви судии и обвинители ќе бараме влез во ЕУ?

– Дали не е дојдено време за коренита реформа на правосудниот систем и негово ослободување од ваквите личности залутани т.е намерно инфилтрирани во правосудството. Сегашниот начин на функционирање на судството и обвинителството се најболната точка и срам за нашата државата и затоа бараме одговорност за секое пречекорување и несовесно извршување на службата за сите ученици во овие злодела – велат од ФРОДЕМ.

Поврзани новости