ФРОДЕМ: Мицковски да престане да им се додворува на притворените „патриоти“, да каже кој е нарачателот на крвавото сценарио од 27 април

by Fokus

Нелегално избраниот претседател на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за да си ја исполни зацртаната и договорена задача повторно 24/7 ја активира фабриката за баналности, продуцирање афери и манипулации, велат од ФРОДЕМ.

„Повторно со уцена кон највисокиот законодавен дом и притисок врз судството. Тој и групата пратеници зад неговиот тим, наместо јавно да се извинат за сите сторени срамотилаци и арамилаци, тие и понатаму сеат магла и се обидуваат да условуваат, па дури и да уценуваат. Тие и понатаму живеат во времето на нивниот идол Груевски и понатаму сметаат дека дека народните пратеници треба да бидат недопирливи и да прават што сакаат – се наведува во соопштението на ФРОДЕМ.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ никако да разберат дека пратеничкиот имунитет не смее да биде параван за неодговорност, беззаконие, јавашлук и неправда.

„Човеков и тие зад него никако да разберат дека споменатите во чие име се врши притисокот и уцената не се обвинети затоа што се уметници, режисери или оперски пеачи, туку затоа што сториле кривично дело казниво според кривичното законодавство. Нелегално избраната персона наместо јавно да и се извини на целата нација и поединци за стотиците монтирани кривични дела од страна на претходното државно и партиско раководство, за безмислосниот прогон кон партиските неистомисленици, за сето сторено зло и криминал од поранешните и од сегашните негови негови први соработници, тој продолжува и понатаму да одработува и да манипулира – продолжува понатаму во соопштението.

ФРОДЕМ јавно му порачува да престане со ефтината претстава за уцена и притисок на институциите и да престане да ја девалвира партијата. Наместо да им се додворува на притворените и да глуми единство и сплотеност во пратеничката група, најдобро би било да каже кој е нарачателот, сценаристот и финансиерот на крвавото сценарио од 27 април минатата година.

 

Поврзани новости