401
Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претставници на синдикатите од областа на здравството и со преставници на Фондот за здравство.
На средбата се разговарало за мерката за зголемување на паушалите за дежурства.
-Овој вид средби ќе бидат редовна практика и во наредниот период, при реализација на активности, кои се во интерес на медицинскиот персонал. Целта е максимално вклучување на синдикатите, како и сите засегнати страни во имплементацијата на оваа, како и други мерки за унапредување на статусот на медицинскиот персонал – информираа од министерството за здравство.