Никола Груевски не ја одби аболицијата на Иванов и со тоа призна дека практично е виновен. Загрижува неговата леснотијата на извртување на фактите и манипулации со кои сите нас не гледа во очи и најбезобзирно не лаже. На сите им е јасно дека актот на Иванов е издиктиран директно од партискиот штаб на ДПМНЕ, реагираа од ФРОДЕМ.
– Изразувам силна огорченост од незаконитиот акт на Иванов за божемна аболиција. Оваа „дабл тоалетна хартија“ никому ништо не може да му гарантира, ниту да му даде некакво право или ослободување од гонење. Напротив, секому може да му залепи јасна ознака и печат дека е криминалец кој се обидува преку нелегален и нелегитимен чин да се извлече од раката на правдата, која секогаш е долга и упорна – реагираа од ФРОДЕМ.
Од таму потсетуваат дека Ѓорге Иванов е „избран“ за претседател на нелегални и фалсификувани избори кои се одржаа во 2014 година.
– Тие кои сега се обидува да ги ослободува се директно осомничени и обвинети за фалсификување на изборите на кои тој наводно е избран за претседател. Ќе поднесеме кривична пријава за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување и соучесништво во кривичните дела поврзани со изборниот фалсификат – се наведува во соопштението.