Фрлил молотов коктел кон куќа и побегнал

by Fokus

Три часа по полноќ непознато лице фрлило молотов коктел кон куќа во Скопје, информираа од МВР.

Според полицијата, синоќа околу 03,00 часот во Скопје на улица „Зендел Џемаил“ непознато лице фрлило молотов коктел кон куќа сопственост на М.Б.(29), при што е опожарен само комарник од влезната врата.

Од страна на екипа од Противпожарна единица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Поврзани новости