463
Непознато лице фрлило бомба од автомобил на улицата Нина Кирсанова во населбата Звездара во Белград, во близина на ресторанот „Вртешка“.
Како што јавуваат српските медиуми, нема повредени, а оштетени се три паркирани автомобили.
Не е познато дали ресторанот бил мета со оглед на тоа дека бомбата не била фрлена во ресторанот, туку на улицата.
Истрагата е во тек.
Сопствениците на возилото, како што пишува Телеграф.рс., седеле заедно во ресторан кога ја слушнале детонацијата. Тие излегле и виделе дека нивните автомобили се оштетени, а тој што ја фрлил бомбата побегнал од местото.