Фридом хаус за Србија: Назадување во областа на демократското владеење

by Fokus

Србија е класифицирана во категоријата „хибридни режими“ во новиот годишен извештај на Фридом Хаус, и заостанува во областа на демократското управување на национално ниво.

Парламентарните избори во јуни 2020 година се одржаа без конкуренција и резултатот од изборите беше де факто еднопартиски парламент.

Резултатот е полош отколку во минатото и во областа на изборниот процес, јави Бета.

Проценката на изборниот процес падна на 4,25 од 4,50 поени поради измената на изборното законодавство спроведено од владејачката партија во пресрет на парламентарните избори и недостатокот на можности за гласање бидејќи мнозинството од опозицијата го бојкотираше гласањето, се вели во извештајот.

Според извештајот, Србија не припаѓа во категоријата демократски држави втора година по ред. Оваа година, Србија доби оценка 3,89, во споредба со минатогодишната 3,96.

Годишниот резултат на државата е намален од 49 на 48 проценти.

Извештајот на Фридом Хаус „Држави во транзиција“ го оценува статусот на демократски развој, кој е изразен со „проценка на демократијата“ од еден до седум.

Врз основа на тоа, земјите се класифицирани во категориите „консолидирани авторитарни режими – од 1,00 до 2,00“, „полу-консолидирани-консолидирани авторитарни режими“ – 2,01 до 3,00, „преодни хибридни режими“ од 3,10 до 4,00, „полуконсолидирани демократии“ – 4,01 до 5,00 и „консолидирани демократии“ – 5,01 до 7,00.

Поврзани новости