Во објавениот годишен извештај на Фридом хаус „Држави во транзиција“ Македонија и натаму останува во групата „преодни влади или хибридни режими“
Македонија беше рангирана на ова ниво во минатиот извештај на Фридом хаус. Во најновиот се наведува дека Македонија продолжува да забележува пад, особено во категориите: изборен процес и граѓанско општество.
Притоа се прецизира дека претседателските и предвремените парламентарни избори во април 2014 година беа нарушени со провладини публикации во медиумите и пристрасност и злоупотреба на административни ресурси, што доведе до долготраен бојкот на парламентот од страна на опозицијата.
Од седум земји на Балканот, четири забележаа пад, главно поради ситуацијата во медиумите и судството.
Освен Македонија, меѓу нив се Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Владините реформи и чекорите за борба против корупцијата и донесоа напредок на Албанија.