Северна Македонија бележи значителен демократски напредок, особено во критериумите – изборен процес и независни медиуми, оценува Фридом хаус во најновиот извештај „Држави во транзиција“.
Сепак, и покрај прогресот, Македонија и натаму е рангирана во категоријата држави со транзициски хибридни режими, во кои се уште се кревки демократските институции и постојат значителни предизвици кои се однесуваат на политичките права и граѓански слободи.
Покрај земјава, напредок од државите во регионот бележи и Косово, а назадување има во Србија и во Црна Гора, кои веќе не се во категоријата делумно консолидирани демократии, туку во хибридни режими.
Во хибрини режими се и Албанија и Босна и Херцеговина, а единствено Хрватска го задржа статусот на делумно консолидирани демократии.