428
Во вечерашното издание на дебатниот магазин Click Plus професорот Љубомир Фрчковски изјави дека нема да има драматични последици од Договорот со Грција.
-Последиците се несомнено добри за нас. Ние нема да имаме никакви големи драматични последици, иако сега во изјавите се обидуваат да бидат умерени или дека ќе биде тешко. Уствари нема да биде ништо тешко. Ќе има промена кај државните институции кои се поврзуваат со финансирањето од буџетот и го користат името. По договорот тие ќе го користат новото име, со кое на никој начин не го навредува нашиот идентитет, изјави Фрчковски.