Весели: Нема размена на територии со Србија, туку само признавање на Косово

by fokus

Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели изјави дека нема да има промена на границите на Косово или размена на територии во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во изјава за Дојче Веле тој рече дека преговорите меѓу Белград и Приштина ќе завршат со „признавање на независна и суверена држава Косово”.

– Ќе има недопирливост на нашата државна територија и целосен суверенитет. Нема да има Заедница на српски општини со извршна надлежност со која се загрозуваат уставниот поредок и територијалниот интегритет на Косово, изјави тој за Дојче Веле за време на посетата на Тирана.

Поврзани новости