Фрчковски: Половина од уставните судии се партиски чиновници, под нивото на нормален едуциран службеник

by fokus

Улогата на Уставниот суд е со ваков тип на скандалозни одлуки во основа. Составот на судот е многу слаб, половина од чиновниците се ангажирани по партиска врска, и се под нивото на нормален едуциран службеник, рече во синоќешната емисија „Топ Тема“, професорот Љубомир Фрчковски.

-Уставниот суд е компромитиран, недоветен, шеговит, и тоа не е добро. Дури и да сакаат да направат услуга на своите патрони да се обидат да ги помилуваат, треба да се знае дека тоа нема да помине. Најголем дел од судиите се при крај од мандатот и прават обиди да ги оправдаат позициите или пак да зафатат позиција доколку нивната партија победи на изборите, рече Фрчковски.

Тој додава дека има непостоечки член, одлуката на Иванов е ништовна, а на Уставниот суд му останува да влезе во неверојатни толкувања за да ги спаси обвинетите.

-Сега има одлука и од Собранието по ова прашање, односно дека членот 11 воопшто и не постои. Мислам дека овој скандал на Уставниот суд ќе исчезне како никогаш да не се случил, заклучи Фрчкоски.

Поврзани новости