Фрчковски: Ние сме народ со самодоверба, нашиот јазик е признат, Бугарија може да си мисли што сака

by fokus

Професорот Љубомир Фрчковски во вечерашното гостување на телевизија 24 зборуваше за тоа дека ние Македонците сме народ со самодоверба, си ја знаеме историјата и за тоа немаме потреба да добиваме одобрение или согласност од Бугарија.

-Македонскиот јазик е признаен од Совет на Европа, тој е кодифициран јазик и е дел од групата на словенски јазици. Што ни е гајле дали Бугарите го признаваат. Нашиот јазик е кодифициран и признат и ние немаме комплекс дали Бугарите го признаваат или не, рече Фрчковски.

Според него, за историските работи за кои не се согласуваме со Бугарија треба да се направат паралелни формулации и секој да си држи до својата, по примерот на Германија и Франција

 

 

Поврзани новости