Поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчовски, во изјава за Телма, вели дека Сашо Мијалков во раните деведесетти години и бил познат на полицијата за ситни прекршоци.
Фрчковски признава и вели дека жали што како министер во неговиот мандат, му ги кинел прекршочните пријави на Мијалков.
– Добро се сеќавам на еден случај. Инспекторот ми посочи дека лицето Сашо Мијалков било приведено откако со возило џип влетал во ноќен кафе бар и учествувало во тепачка. Не го познавав, но ми беше кажано дека е син на покојниот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков и од почит кон татко му не дозволив да му се напише пријава. Имаше и уште еден случај во кој младиот Мијалков беше прекршител на Законот, но не заработи пријава. За време на мојот министерски мандат толкави беа криминалиите на Сашо Мијалков – рече Фрчковски.
Инаку, изјавата на Фрчковски следи по информациите од екс разузнавачот Слободан Богоевски, кој во интервју на Телма рече дека поранешниот прв човек на тајната полиција Сашо Мијалков во минатото учествувал со трговија со дрога.