505
Неприфатливо е да го земете калашниковот на претходниот режим од земја и сега вие да пукате со него, рече професорот Љубомир Фрчковски на вечерашната Топ Тема коментирајќи го фактот дека СДСМ во изборната кампања и дала реклами на Сител во вредност од 155.000 евра.
-Целата операција на рушење на режимот имаше морална димензија. Ако оваа голема победа зависи од Сител, турете и пепел. Тоа е опасна насока. Треба да направите дисконтинуитет од претодната влада. Одење напред е доделување на базична правда. Тоа е она премиерот што мора да го направи. Без тоа власта почнува да фунционира како машина, рече Фрчковски.