Општина Гостивар: Бејта ја испразнил општинската каса пред да си замине

by fokus

Поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, откако изгуби на локалните избори и се поздрави со општинските службеници, ја испразни општинската каса, не оставајќи средства за плати на вработените, соопшти денеска Службата за информирање на Општина Гостивар.

-Три дена после вториот изборен круг, на 30., 31. октомври и 1. ноември, Општина Гостивар, по наредба на поранешниот градоначалник Невзат Бејта, изврши трансакции со вкупна вредност од 6.774.276,00 денари, односно околу 111.053 евра. Со овие средства, чиј износ е доволен за исплата на плати на вработените во општината и за тековните расходи, Бејта главно им се раздолжил на фирми блиски со него кои ја финансирале неговата скапа предизборна кампања, се вели во соопштението.

На компанијата ‘Магнум транс’ во вторникот ѝ биле исплатени 2.000.000,00 денари, на компанијата ‘Гартен Бау Цели’ 1.500.000 денари, додека на компанијата МЕТРО Дооел му се исплатени 300.000 денари.

Поврзани новости