586
-Македонија денес има заокружен систем на авторитарен режим, во кој мафијата на фамилијата е и закон и суд. Тој систем почна да се распаѓа во смрдеа и насилство пред наши очи деновиве, како што следи во сите провинциски диктатури по основната линија на која се потпираше: контролата на приватноста, стравот и депривација од правата на луѓето, пишува Љубомир Фрчкоски во својата најнова колумна.
Тој смета дека одговорна за сегашната ситуација во Македонија е и Европската унија, која, според него, под свој чадор и делумно со свои пари финансирала, кобајаги приближување кон ЕУ на земја кандидат, а всушност не сакала да ги види диктаторските тенденции кои режимот ги појавувал со години.