735
Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски во Студио 10 на ТВ 24 им посака на ВМРО-ДПМНЕ да формираат нормална десничарска партија. Тој додаде дека Заев ги одиграл клучните улоги за нашата историја.
„Заев заминува затоа што тоа е негова проценка, одигра една од клучните улоги, тоа време, таа мала епоха ќе биде забележана со разрешување на прашања кои беа алиби за политичката мрзеливост. Тој тип на алиби со завршувањето на приказната со Бугарија ќе престане, ќе се соочиме со самите нас – не бива или не. Му завршува успешно на Заев една политичка етапа која не внесе од консолидација кон модерен пат на македонската држава и политика“,вели Фрчкоски.