Фрчкоска: Јанева е разрешена поради „незаконито дејствие“ без тоа да биде утврдено со судска пресуда

by fokus

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска во вечерашното гостување на 360 Степени рече дека за неа е спорно што во образложението за разрешување на Јанева се користи терминот „незаконито дејствие“, а како што вели Фрчкоска, незаконите дејствие може да биде докажано само со судска пресуда.

-Јас очекував да ја разрешат од функцијата специјален јавен обвинител. Спорна е одлуката со која таа е разрешена од функцијата јавен обвинител во Гевгелија и како тоа беше поистоветено со разрешување од специјален обвинител. За мене е спорна употребата на терминот незаконито дејствие, бидејќи тоа се одредува само со судска пресуда. Ниту Советот на јавни обвинители, ниту Парламентот не можат да утврдат незаконитост, вели Фрчкоска.

Поврзани новости