Фрчкоска и стана адвокат на Јанева

by fokus

Адвокатката Ирена Данилова Фрчкоска од пред неколку дена е новиот адвокат на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Обвинителката мораше да бара нов адвокат, бидејќи Стеван Павлески одлучи да остане бранител на бизнисменот Цветан Панделевски, кој е осомничен од СЈО.

„Фокус“ стапи во контакт со адвокатката Фрчкоска, но таа ни посочи дека не може да даде изјава поврзана со истрагата за „Рекет“, бидејќи како што рече, најпрвин треба да направи увид во доказите.

Таа не сакаше да открие и дали наскоро ќе бара укинување на мерката притвор за Јанева, бидејќи доколку предметите на СЈО преминат во Републичкото јавно обвинителство, на Јанева и се отвара можност да се спаси од притвор. Поточно, притворот на Јанева и е одредан поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело. Со предавање на предметите, отпаѓа третата ставка, односно Јанева нема да биде во можност да го повтори делото, поради што може да бара куќен притвор.

Во „Рекет“, освен Јанева, осомничени се и Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец.

В.В.

Поврзани новости