934
По спроведена дисциплинска постапка, минатата недела биле донесени се 41 решение против 41 вработен во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 и член 207 од Колективниот договор на МВР.
Притоа, на 38 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на еден вработен мерка – „запирање на постапката“, и на еден вработен мерка – „писмено предупредување”.
Станува збор за виши инспектори за прифат, сменоводители, како и полицајци од повеќе полициските станици….