Францускиот сенат усвои предлог-резолуција за потребата од признавање на Република Нагорно Карабах

by fokus

Францускиот сенат – горниот дом на францускиот парламент со огромно мнозинство, 305 гласови За , 1 против и 30 воздржани ја усвои предлог-резолуција за потребата од признавање на Република Нагорно Карабах, јави дописникот на МИА.

Предлог-резолуција предложена од повеќе сенатори беше разгледана  во примена на членот 34 1 од Уставот на Франција, ја осудува воената агресија на Азербејџан, извршена со поддршка на турските власти и странски платеници, и повикува на итно повлекување на азербејџанските вооружени сили и нивните приврзаници од териториите земени како резултат на воените операции спроведени од 27 септември 2020 година во регионот Нагорно Карабах.

 Со предлог Резолуцијата се повикува француската влада:

– да обезбеди масовна хуманитарна помош за цивилното население во Нагорно Карабах, барајќи отворање на хуманитарни коридори и користење на сите достапни канали;

– да се брани, во рамките на групата Минск, непосредно спроведување на заштитата на населението со распоредување на меѓународни сили за интервенција под нејзино покровителство;

– да повика на спроведување на меѓународна истрага за воените злосторства извршени во Нагорно Карабах, особено против цивилното население и преку употреба на оружје забрането со меѓународното право;

– да вложи максимални напори да се осигура дека дискусиите за преговарано и трајно решавање на конфликтот, обезбедување на повторно воспоставување на границите дефинирани во 1994 година, безбедноста на ерменското население и правото на враќање на раселените лица, како и зачувување на Ерменското културно и верско наследство може да продолжи без одлагање во рамките на групата Минск, чиј копретседател е Франција;

– да ги извлече сите дипломатски последици од улогата што ја играат турските власти и да ги разгледа со своите европски партнери најсоодветни и цврсти одговори;

– да ја признае Република Нагорно Карабах и да го направи ова признание инструмент за преговори со цел воспоставување траен мир.

Поврзани новости