580
Францускиот премиер Жан Кастекс денеска беше вакциниран со вакцината на АстраЗенека, со цел да се врати довербата на граѓаните во британско-шведската вакцина.
-Не почувствував ништо иако сум чувствителен на болка – изјавил Кастекс, кој ја прими првата доза од вакцината во воената болница близу Париз, два часа откако Владата одобри повторна употреба.
Франција, како и голем број европски земји, привремено ја суспендира употребата на вакцината на компанијата АстраЗенека поради појавата на случаи со несакани ефекти.