Францускиот предлог пристигна во Собранието, за вечерва нема седница

by fokus 18:19
18:19

Францускиот предлог попладнево пристигна во Собранието, но за вечерва нема да биде закажана седница за истиот.

Од Собранието информираа дека материјлите сега ќе им бидат доставени на пратениците.

-Ве информираме дека од Владата на Република Северна Македонија до Собранието на Република Северна Македонија е доставена “Информација за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година”. Согласно процедурите, материјалот ќе се достави до пратениците и за понатамошно постапување, соодветно и навремено ќе бидете информирани, информираа од Собранието.

 

Поврзани новости