Францускиот предлог е прифатлив за Пендаровски: Не е ниту историски триумф, ниту дебакл

by fokus

Модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ во оваа фаза е прифатлив за претседателот, Стево Пендаровски, изјави тој по состанокотна Советот за безбедност.

-Предлогот се сведува на едно барање, да се внесат Бугарите во Уставот. Не верувам дека ова е судбинска дилема. Мојот став е дека со одлуката да го прифатиме предлогот е само за да ги отвориме преговорите. Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде ниту историски триумф или историски дебакл. Според мене, ова е транзиционен процес. Предлогот за мене во оваа фаза е прифатлив, изјави Пендаровски.

На состанокот присуствува и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Поврзани новости