Францускиот предлог е добар, вели Најчевска

by Fokus

Има два моменти кои мора да бидат отстранети во Преговарачката рамка,  вели професорката Мирјана Најчевска во  однос на францускиот предлог во интервју на „Студио 10“

Според неа, предлогот е добар за почеток на преговорите и со мали интервенции и промени, тие може да почнат.

-Едното се однесува на јазикот каде за разлика од сите генерални рамки , се спомнува на некаков начин употребата на официјалниот јазик и се вика дека ЕУ ќе ги земе предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија и тоа значи дека се проблематизира јазикот. Вториот елемент кој е различен е елементот на внесување на билатералните договори во рамката, вели Најчевска.

Поврзани новости