Трите женски лавчиња добија имиња: Хана, Ана и Луна

by Fokus

Хана, Ана и Луна се имињата што ги добија трите женски лавчиња родени во Зоолошката градина во Скопје. Од таму соопштија дека изминатите денови добиле над 3.000 предлози, а најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана.

Изминатите денови добивме над 3.000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје. Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана. Да ни се живи и здрави и да не радуваат уште многу години“, напишаа на офоцијалната Фејсбук страница на Зоолошката.

Поврзани новости