Француски кардинал призна дека злоставувал 14-годишно девојче

by Fokus

Францускиот кардинал Жан-Пјер Рикар денеска призна дека злоставувал 14-годишно девојче пред многу години и рече дека ќе се повлече поради тоа.

– Пред 35 години, кога бев свештеник, мојот однос кон девојче кое имаше 14 години беше за осуда. Моето однесување неизбежно доведе до сериозни и трајни последици за таа личност, рече тој.

Рикар побара прошка и рече дека ќе се повлече од своите должности и ќе им стои на располагање на судските и црковните власти.

Тој бил епископ на Бордо од 2001 до 2019 година.

Поврзани новости