728
Флоренс Робин, француската амбасадорка во Софија во изјава за весникот „Сега“ даде своја анализа околу состојбата со бугарските државјани во Македонија.
Како што вели таа, без Бугари во Уставот, Македонија нема да биде членка на ЕУ.
„Дадовме европски гаранции дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот устав ќе биде предуслов за продолжување на дискусијата со Македонија. Ова е дел од таканаречениот француски предлог, кој во пракса е европски предлог и е впишан во протоколот потпишан од сите страни. Сметаме дека ова ќе биде тежок процес, но со разбирање и објаснување ќе донесе уверување.