ЕК предложи нов пакет санкции против Русија

by Fokus

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево го презентираше новиот пакет санкции по нелегалните референдуми во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што изјави фон дер Лајен, новите санкции предвидуваат нови забрани за увоз на дополнителни производи од Русија во ЕУ, но и нов список на производи што не смеат да се извезуваат од ЕУ во Русија.

Овде спаѓаат пред сѐ производи кои можат да и послужат на руската армија да се модернизира и развива: електронски компоненти, производи од областа на авијацијата, технологијата и хемиски супстанци.

Поврзани новости