629
Француската амбасада додели благодарница за посветеноста и несебичното вложување на фармацевтскиот и лекарскиот тим на ПЗУ Зегин Медика, под раководство на д-р Евросима Десовска Геговска во справувањето со здравствената состојба и лекувањето на пациентите позитивни на COVID–19 вирусот кој предизвика криза во светски рамки.
„Ваквата потврда ни дава поттик и желба и понатаму да продолжиме успешно да ја реализираме мисијата за добро здравје на сите наши граѓани. Огромна благодарност до Амбасадата и Францускиот Амбасадор, г-дин Сирил Бомгартнер кои ja препознаа заложбата на целиот тим на групацијата Зегин – велат од таму.