Дескоска: Да и веруваме на науката, вакцинирајте се!

by fokus

Универзитетската професорка и поранешна министерка, Рената Дескоска, преку личен пример испрати порака до граѓаните да се вакцинираат.

-Изминатава година успеав да не се заразам со корона. Пред вакцинирање се тестирав и тестот покажа дека не сум дошла во контакт со вирусот и немав воопшто антитела. Денес месец и нешто по ревакцината, тестот покажува дека имам значителен број на антитела.

Вакцинирајте се! Лекарите велат дека само така ќе ја победиме пандемијата. Да и веруваме на науката! Со помош на науката светот ги победи сипаниците, детската парализа, туберколозата и сите оние болести за кои е пронајдена вакцина, напиша професорката на фејсбук.

Поврзани новости