Според податоците објавени од истражувачката компанија „Нумбео“ за порастот на насилството во Европа и светот се открива кои земји се најбезбедни.
Франција е најопасната земја во Европа. Следуваат Белорусија, Белгија, Шведска и Италија. Во топ 10 листата се и Велика Британија, Украина, Грција, Ирска и Молдавија.
На другиот крај од листата, како најбезбедни земји во Европа се Словенија, Естонија, Монако и Швајцарија.
Македонија е рангирана на 13-тото место по Албанија која е на 11 место и Босна и Херцеговина која е на 12 место.
Србија е рангирана на 17 место, зад Русија и пред Германија, а Косово е на 14-тата позиција. Бугарија е на 19 место, Црна Гора на 21, Унгарија на 24, Романија на 26, Хрватска на 36 место…
Во однос на листата на најопасните земји во светот, на прво место е Венецуела, следуваат Папуа Нова Гвинеја, Авганистан, Хаити и Јужна Африка, а најбезбедна земја на планетата е Катар.