514
Франција обезбеди пласман во полуфиналето, откако го совлада Ургвај со 2:0 во натпревар од четвртфиналната фаза на Светското првенство во Русија.
По изедначено прво полувреме, Франција во 40-та минута поведе со 1:0. Стрелец на голот беше Рафаел Варан, кој погоди со глава откако претходно Антоан Гризман изведе слободен удар.
Антоан Гризман во вториот дел ја зголеми предноста и во 61-та минута ги постави конечните 2:0.
Французите до крајот на натпреварот ја контролираа играта и не дозволија Уругвај посериозно да се закани кон голот на Хуго Лорис.
Во полуфиналето Франција ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Бразил и Белгија.