Локвенец му се заблагодари на Димовски за разумноста: Кај одредени луѓе ќе надвладее разумот над партиските интереси

by fokus 19:04
19:04

Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец во денешното гостување на телевизија Канал 5 рече дека виновник за тоа што се уште не е избран новиот состав на Државната изборна комисија е ВМРО-ДПМНЕ која го кочи процесот.

-Мене ми е многу драго што Илија Димовски денеска изјави дека наредната недела ќе се одржи седница на Комисијата за избори на именувања на која тој е претседател. Не сакам да коментирам дали е ова разногласие во ВМРО-ДПМНЕ, но сакам да се заблагодарам дека во еден ваков момент во кој постои шанса да се врши опструкција, кај одредени луѓе ќе надвладее разумот над ситнопартиските интереси.

- Advertisements -

Поврзани новости