Франција ја спушта рампата за патувања кон и од Британија

by fokus

На британските туристи ќе им биде забранет влез во Франција поради загриженоста за зголемувањето на случаите поврзани со сојот Омикрон во Велика Британија, јави „Скај њуз“.

Франција од сабота наутро ќе ја спушти рампата за патувања кон и од Велика Британија, освен во случај на „посебни причини“. Париз изјави дека „посебните причини“ не ги вклучуваат туристичките и деловните патувања. Француските граѓани и членовите на нивните семејства се изземени од новите правила.

Ќе има „обврска за сите патници од Велика Британија да се регистрираат, пред нивното патување, на дигитална платформа што ќе им овозможи да ја внесат адресата на нивниот престој во Франција“.Од луѓето кои планирале да ја посетат Британија од Франција се бара тоа да го одложат.

Владиниот портпарол Габриел Атал изјави за телевизијата BFM дека мерките ќе вклучуваат намалување на валидноста на PCR тестовите пред поаѓање на 24 часа од 48 за патниците кои пристигнуваат од Британија. Тие ќе мора повторно да тестираат при пристигнувањето и да се изолираат „на место што ќе го изберат“ најмалку 48 часа во очекување на резултатот, додаде Атал.

Поврзани новости