579
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер е реизбран на оваа функција.
Штајнмаер освои 1.045 од вкупно 1.425 валидни гласови и доби нов мандат како шеф на државата во првиот круг на гласање.
Поранешниот министер за надворешни работи, социјалдемократот Штајнмаер (66) е шеф на државата од 2017 година.
Го избира Федералното собрание, кое се состанува на секои пет години и се состои од 736 пратеници на Бундестагот и претставници на 16 сојузни покраини, вклучувајќи не само политичари, туку и јавни личности од културата или спортот.