468
Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, на социјалната мрежа фејсбук објави постара фотографија од 2015 година, потсетувајќи на времето кое како опозиција го поминаа во шатори поставени пред Владата.
На фотографијата покрај Кирацовски, седнати на тревата се и премиерот Зоран заев, министерот Оливер Спасовски, градоначалникот Петре Шилегов, пратеничката Фросина Ременски и неколкумина граѓани.
-Мај 2015, Камп на слободата, заедно со граѓаните пред Владата на нашата Македонија, напиша Кирацовски и потсети во која позиција беа пред три години.